Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев денеска повикан во Кривичен суд

Заев денеска повикан во Кривичен суд

Премиерот Зоран Заев денеска е повикан како сведок од Кривичниот суд за настаните на 27 април 2017.

Денеска продолжува судењето за организирање на настаните во Собранието, а на претходните рочишта за упадот и насилствата во парламентот сведочеа поранешни и актуелни пратеници.

За крвавите настани во законодавниот дом обвинети како организатори се тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Во оваа фаза случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинетите се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.


Слично

Поврзани вести