Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев денеска поднесува оставка, Македонија добива техничка Влада

Заев денеска поднесува оставка, Македонија добива техничка Влада

Премиерот Зоран Заев денеска треба да ја поднесе својата оставка согласно Пржинскиот договор која ќе биде ефективна 100 дена пред официјалното одржување на изборите, а за тоа со писмо ќе го извести и претседателот на Собранието. 

На денешната седница на Собранието треба да биде констатирана оставката на досегашниот шеф на Владата и да биде изгласана преодната која ќе треба да ги организира следните предвремени парламентарни избори закажани за 12 април и ќе има мандат до формирањето на новата.

Владеачката СДСМ го прифати новиот предлог на ВМРО - ДПМНЕ  за Наќе Чулев да биде техничкиот министер за внатрешни работи сo што се отстрани и последната пречка за распуштање на Владата и формирање на нова техничка пред денешната седница на Собранието.

Останатите кандидати за функционери во идната техничка Влада предложени од опозицијата, а прифатливи за власта, се Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјала, Цветан Трипуновски за заменик министер за земјоделие, Гордана Димитриеска Кочоска за заменичка министерка за финансии и Невенка Стаменковска Стојковски за заменичка министерка за информатичко општество и администрација.

Техничката Влада ќе ја предводи Оливер Спасовски, досегашниот министер за внатрешни работи. СДСМ досегашната министерка за труд и социјала, Мила Царовска, ја „прекомандува“ на местото на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој најави дека ќе се повлече од политиката.  Како дополнителни заменици-министри во МВР и во Министерството за труд и социјала предвидено е да бидат досегашните шефови на кабинети на Спасовски и Царовска - Славјанка Петровска и Санела Шкријељ




Слично

Поврзани вести