Заев денеска на средба во тензичната Албанија
Премиерот Зоран Заев од денеска же биде во официјална посета на Албанија, каде што попладне треба да оствари средба со шефот на албанската влада Еди Рама.
Заев ќе биде придружуван од министерот за надворешни работи Никола Димитров и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
Предвидени се и други средби на владино и државно ниво, меѓу кои и со претседателот на албанскиот парламент Грамоз Ручи.
Инаку во моментов во Албанија редовно се одржуваат тензични протести и опозицијата бара предвремена промена на власта.
Слично
