Заев денеска ќе вечера со Ердоган во Истанбул: Оди само со уште еден министер
Претседателот на Владата Зоран Заев на покана на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска ќе отпатува за Истанбул, каде што вечерва ќе има работна вечера со претседателот Ердоган, соопштија од премиерскиот кабинет.
Најавија дека се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството...
Премиерот Заев на работната вечера со претседателот Ердоган ќе биде придружуван од министерот за здравство Венко Филипче.
Слично
