Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев денеска ќе се сретне со Касами и Села

Заев денеска ќе се сретне со Касами и Села

Премиерот Зоран Заев денес во Собранието ќе се сретне со лидерите на албанските опозициски партии со цел обезбедување поддршка за новиот Закон за јавно обвинителство и решавањето на статусот на СЈО преку истиот. 

Заев се очекува да се состане со претседателот на движењето Беса, Билал Касами, со почеток во 9 часот, додека со почеток во 10 часот се очекува да се сретне со лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села.

Работните групи на Владата и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денес во 18 часот во Министерството за правда ќе имаат трета средба за изнаоѓање решение за законот за јавно обвинителство, откако синоќа по завршувањето на ТВ дуелот на премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски амандманите пристигнале до министерката за правда, Рената Дескоска.

Инаку дека има раздвижување и „прегрупирања“ за продолжувањето на рокот на СЈО како постојана интитуција говори и тоа што пред два дена Мицкоски се сретна со осумте независни пратеници кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ по нивното гласање за уставните измени.

Европската комисија бара овој закон да биде донесен со широк консензус и така да се зацврсти неговата иднина како услов земјата да добие датум за преговори со ЕУ во јуни.

Слично

Поврзани вести