Заев денеска ќе ја промовира картичката со попусти за младите
Бладиниот предизборен проект „Младинска картичка“ денеска ќе биде промовиран од премиерот Зоран Заев, а ова средство ќе биде наменето за младите од 15 до 29 години со поволности што ќе опфатат повеќе категории, попусти во угостителски објекти, трговија, пристап до едукативни центри, културни и спортски настани, како и за патувања во земјава и во странство.
Ова предизборно ветување првично беше најавено да стартува кон крајот на 2018 година, а Владата ја разгледа и усвои Информацијата за реализација на овој проект во март годинава на 127. владина седница.
Покрај Заев, неговата функција ќе ја објаснат и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност Лидија Димова. Во неговата реализација ќе се вклучат некои министерства, како и единиците на локална самоуправа.
Замислено е секоја година „Младинска картичка“ да се надградува, како и да се вклучи кон системот „Европска младинска картичка“, кога младите од нашата земја ќе можат овие бенефиции да ги уживаат и во земјите членки на ЕУ.
