Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев денеска кај Мицотакис во Солун

Заев денеска кај Мицотакис во Солун

Премиерот Зоран Заев денеска треба да се сретне со шефовите на Владите на Грција и Бугарија - Киријакос Мицотакис и Бојко Борисов на Самитот во Солун, кој се одржува под покровителство на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Заев најави и дека ќе оствари средби со голем број деловни луѓе од компании кои сериозно работат со нашите институции и најавуваат инвестиции во Македонија.

Тој за прв пат на грчко тло ќе оствари средба со Мицотакис, откако претходно се сретнаа само еднаш - на Генералното собрание на ОН во Њујорк како двајца премиери.

Заев најави свое обраќање на годинашниот Самит во Солун и дека ќе ги информира присутните за сите предности што ги има во земјава.

- Сакам да го споделам чувството на задоволство, колку е голем интерсот на грчките компании, особено за долната половина на државата поради близината на транспортот, рече Заев.

Ќе учествува на дискусијата „Југоисточна Европа: Иницијативи за регионална соработка и реформи”, која ќе се одржи вечер.
Самитот во Солун е организиран со поддршка од Федерацијата на индустриите на Грција, во партнерство со Конфедерацијата за трговија и претприемништво, и Американско-грчката стопанска комора.

Слично

Поврзани вести