Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев денеска кај Конте во Рим ќе бара светло во тунелот на ЕУ

Заев денеска кај Конте во Рим ќе бара светло во тунелот на ЕУ

Премиерот Зоран Заев денеска ќе оствари средба во Рим со шефот на италијанската Влада, Џузепе Конте. Заев е поканет од италијанскиот премиер уште пред една недела затоа што Италија сака повторно да го отвори прашањето за проширување на ЕУ по фијаското во Брисел.

Италијанскиот премиер, како што наведуваат медиумите, сака „да ја исправи неправдата која ЕУ им ја нанесе на Македонија и Албанија со неодредувањето на датумот за преговори на Самитот во Брисел, и му упатил покана на Заев да се сретнат пред Советот за општи работи на ЕУ (ГАК), најавен за 19 ноември.

Предвидено е по состанокот со Конте тој да замине во Брисел на проштална вечера на Федерика Могерини, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика.

Заев потврди дека со Конте ќе разговараат за проширувањето откако италијанскиот премиер, по состанокот на европските лидери во Брисел на кој не беше донесена одлука за старт на преговрите со Скопје и Тирана, оцени дека тоа е историска грешка. 


Слично

Поврзани вести