Заев денес се сретнува со Хан, Туск, Сасоли, утре со Тимерманс
Премиерот Зоран Заев денеска во Брисел ќе се сретне со неколкумина европски функционери во обид преку истите да влијае на добивање на позитивна одлука за преговори со ЕУ. Според агендата која ја објави владината служба, станува збор за дводневна посета.
Според агендата, шефот на македонската Влада прво ќе се сретне со еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент, Давид Марија Сасоли и со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. Во текот на утрешниот ден, премиерот Заев ќе оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија, Франс Тимерманс.
Заев во Брисел ќе биде дочекан од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи и со министерот за надворешни работи Никола Димитров.
