Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Денес граѓаните заокружуваат за промените

Заев: Денес граѓаните заокружуваат за промените

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев гласаше во Струмица од каде испрати пораки дека локалните избори се многу важни за искористување на демократското право и заокружување на промените во земјата.

„Денес е голем ден за демократијата и слободата во Република Македонија. Ден кога граѓаните избираат продолжување и заокружување на промените во нашата земја. Денеска по пат на фер и демократски слободни избори граѓаните ќе го искористат своето уставно право и ќе заокружат евроатлантски интеграции, еднакво општество, ќе заокружат за економски развиени општини и развиена еконмска држава“ истакна Заев.

Заев порача и дека сите граѓани се победници преку слободни и фер избори.


Слично

Поврзани вести