Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев демантира дека се зборувало за некаков „пакт“ против Србија

Заев демантира дека се зборувало за некаков „пакт“ против Србија

По прозивките од пратеникот Иван Стоиљковиќ од Демократската партија на Србите во Македонија, за тоа дали и Македонија е дел од „пакт“, против Србија како што изјави косовскиот вицепремиер, Енвер Хоџај, премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција одговори дека тој се оградува од било какви разговори, бидејќи тие не постоеле.

„Сакам да се оградам од било какви разговори, не постоеле, ниту пак некој ги номинарал и само апелирам и до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог“, изјави Заев.

Тој рече дека на ниту едно ниво никогаш не се водени такви разговори.

„Како Влада во регионот, Европа и во светот важиме како градители на добрососедските односи. Ние сме пријатели со сите наши соседи. Никој од нас не побарал ниту пак е разговарано за ова прашање“, вели Заев. 

Очекуваме, вели Заев нашиот регион да ги постигне четирите цели за кои се залагаме секогаш кога ќе се сретнеме со премиерите на нашите соседи, а тоа е економска соработка, регионален економски развој, регионална соработка и интеграција во ЕУ. 

Стоиљковиќ претходно праша дали Заев ги брани интересите на Македонија, или албанскиот шовинизам. 

Во Македонија, Хрватска и Црна Гора се разговара за формирање пакт против Србија, изјави Хоџај. 

Србија ништо лошо им нема направено на Македонија, Црна Гора и Босна, рече српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ. Тој реагираше синоќа по повод изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и во Црна Гора разговарал за создавање на регионален пакт против Србија.

Слично

Поврзани вести