ad

Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев демантира дека лицето кое подметнало пожар било негов возач

Заев демантира дека лицето кое подметнало пожар било негов возач

Пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска на прес- конференција обвини дека поранешен возач на екс премиерот Зоран Заев е уапсен за подметнување пожар. Заев демантираше дека тој бил негов возач.

Заев за неделникот „Фокус“ вели дека посоченотo лице било вработено во Општина Струмица, но никогаш не било негов возач.

„Александар Николов е вработен во општина Струмица. Јас бев градоначалник на Струмица до 2016 година и во периодот од 12 години колку што бев градоначалник, шофер на градоначалникот (т.е. мој шофер) беше Ристо Ѓузелов до неговото пензионирање, а после тоа беше Кире Ангелов“, изјави Заев за „Фокус“.

Тој додава дека колку што се сеќава, Александар Николов во тоа време, работел на портирницата во општината и бил возач на општинско возило за потребите на општинските инспекции и останати општински служби за теренските активности.

Осомничениот вчера попладне, преку една социјална мрежа, се заканил на лице од Струмица дека ќе му ја запали викендицата, а потоа се обидел заканите да ги реализира. На локацијата брана Водоча се обидел да подметне пожар и да предизвика поголема имотна штета. Со запален факел од хартија и текстил ги запалил гредите на натстрешницата, кои започнале да чадат и да горат.

фото Фејсбук/Зоран Заев

ad
Слично

Поврзани вести