ЗАЕВ ДЕЦИДЕН: Не ја прифаќаме декларацијата на бугарскиот парламент, очекувам португалскиот предлог да стане решение
Премиерот Зоран Заев вели дека земјава не ја прифаќа декларацијата на бугарскиот парламент, за која нагласува дека не е тајна и е јавно објавена.
Ова го одговори на новинарско прташање, кое следува откако вчера лидерот на опоизицијата Христијан Мицкоски преку фејсбук статус обвини дека македонскиот државен врв тајно се договара да ги прифати спорните бугарски барања соидржани во декларацијата.
„Не ја прифаќаме декларацијата на бугарскиот парламент. Секако, Бугарија си има свое право, запознаени сме, и јас и сите граѓани, таа е јавно објавена. Веруваме дека решението кое што е дадено навистина води грижа и за двете страни, и затоа се радувам и се надевам во можно решение, без да ги креваме очекувањата. Сепак, Бугарија има техничка Влада, и ние мора да работиме на тоа. Драго ми е што нашите министри имаат и дневна и неделна комуникација, ги разменуваат идеите. Многу им благодарам на сите европски па и светски лидери кои разговараат со мене, со претседателот Пендаровски и со нашите министри, и со претседателот Румен Радев, со премиерот Стефан Јанев и со нивните министри, се со конечна цел пријателите да помогнат. Ова е навистина една неправда после 16 и пол години чекање и кандидатски статус, треба да е прво грижа и гајле на Европската унија. Но би било добро и чесно да го одржат зборот. Ни ветија и треба да го исполнат ветувањето. Јас очекувам, 22 јуни е првиот мегдан, следниот е септември, не е проблем, два три месеци разлика е тоа, но да се реши. Потоа да се европеизира државата“, рече премиерот Заев.
