Заев: Чуен е заветот на Гоце Делчев, Македонија и Бугарија си подадоа раце
Историјата и имињата ги ставивме во основата, со која почнавме да ја градиме европската и евроатлантската иднина. Ова го изјави премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, за време на церемонијата на одбележувањето на 114-годишнината од избувнувањето на Илинденското востание во Скопје.

„Премиерот Бојко Борисов, владата и парламентот на Бугарија покажаа вистинска одговорност кон нашите заеднички цели, затоа денес заедно ја упатуваме пораката. Регионот е подготвен да води политики на зрелост, мудрост и посветеност на своите граѓани. Регионот се однесува европски и заслужува да стекне право да се развива во евроатлантското семејство“, додаде Зоран Заев.
Слично
