Заев: Човекот којшто ја добил задачата да ме убие е во притвор
Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека бил мета на убиство на „крвавиот четврток“.
Неодамна оваа информација ја објави Фокус.
„За деталите верувам дека правосудните органи ќе дадат соодветно соопштение, или информирање во соодветен временски период, како се одвиваат судските постапки, мислам пред се на судиите и јавните обвинители. Јас знам дека човекот којшто ја добил таа задача е во притвор“ - вели тој.
Минатиот петок Фокус објави дека постои телефонска снимка, снимена по неколку месеци од крвавиот четврток, а која го открива сценариотo. Според сознанија на Фокус, од добро упатен извор, еден од соговорниците го кара другиот зошто не го убил Заев, кога тоа било договорот. Соговорникот се правдал дека се обидувал, но немал чиста мета.
Слично
