Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Чекам покана од Меркел

Заев: Чекам покана од Меркел

Во моментов приоритет на Владата е да ги изгради своите позиции како да настапи во правец на добивање Датум за преговори од ЕУ по 15 години чекање, истакна денеска премиерот Зоран Заев, коментирајќи го прашањето дали е дефинирана целосно реконструкцијата што се очекува кај министерскиот состав и кај директорите.

– Реконструкцијата е поприлично готова од директорски до министерски места. Овие денови речиси секој час добиваме нови информации. Очекувам потврда за средба со германската канцеларка Ангела Меркел. Следната недела ќе бидам во Берлин за нашата економска агенда. Во зависност од сите информации што ги добиваме така и ќе постапуваме во делот на промените што треба да се случат во извршната власт – изјави Заев.

На премиерот не му се брза со објавувањето на реконструкцијата, нидејќи како што вели тој, се чека да се види како ќе биде исходот од доделувањето на датумот, бидејќи ако истиот не биде добиен, во тој случај нема да има потреба од тоа, односно ќе следува враќање на мандатот и предвремени парламентарни избори.



Слично

Поврзани вести