Заев чека одговор од Иванов-Ќе го добие мандатот или не?
Сите очи денеска се вперени во претседателот Иванов чија одлука се очекува во однос на идниот мандатар.
Вчера опозицискиот лидер му ги однесе потписите на претседателот Иванов кој го услови мандатот на овој начин.
Зоран Заев со три албански партии има 67 потписи кои се доволни за да тој ја формира новата влада.
Засега од претседателскиот кабинет нема најава дека е можно шефот на државата да му го достави мандатот на Заев денеска.
Вчера пак на Заев му ветиле дека најдоцна во среда ќе го добие мандатот.
Сепак можно ли е претседателот Иванов да одигра на картата широка коалиција?
Ова сценарио не е исклучено како можност.
Ни во ДУИ вчера не падна одлука дали нивниот финален збор ќе биде поддршка за влада со СДСМ, или поддршка на малцинска влада од која ќе делуваат како опозиција.
Од ДУИ посочија дека прво ќе почекаат Заев да го добие мандатот па тогаш ќе ја кажат нивната конечна одлука.
Како резултат на усогласеноста на СДСМ и ДУИ се јавија и маршови и протести.
Граѓани преку платформа За заедничка Македонија протестираа против албанскиот јазик и како што велат федерализација на државата.
