Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев чека оценка од Уставен суд за Законот за јазици, тој нема забелешки

Заев чека оценка од Уставен суд за Законот за јазици, тој нема забелешки

Претседателот на македонската влада Зоран Заев нема промена на ставот во однос на Законот за јазиците кој доби големи критики од страна на многу професори, аналитичари, активисти и граѓани, бидејќи станува збор за решение кое во рамки на Уставот, а секој кој смета спротивно може да ги искористи законските можности за проверка на уставноста кои се на располагање.

Премиерот Заев порача и дека Законот за употреба на јазиците нема ништо да промени во Македонија и нема да ја наруши нејзината заедничка иднина. Тој апелираше Уставниот суд и Венецијанската комисија да се изјаснат по него.

Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише законот, како што наведе Заев, е „флагрантно кршење на Уставот, но и кукавичлук“. Според него, законот не бил изгласан скришно и заткулисно, туку девет месеци била отворена дебата.

Законот за јазици може по повеќе основи да биде оценет од Уставниот суд, како по самата содржина, така и за постапката по која беше донесен. 

Венецијанската комисија вообичаено оценува закони пред тие да бидат донесени и изгласани, а таму засега се испратени само одредбите кои не влегоа во ова законско решение како што се двојазичните униформи на АРМ.

Слично

Поврзани вести