Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Бугарија ќе ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија без услови

Заев: Бугарија ќе ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија без услови

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека договорот за добрососедство со Бугарија е во склад со интересите  на граѓаните. 

Тој вели дека ова е одраз на генерација на политичари кои градат мостови и подаваат раце. Заев смета дека ќе се затворат отворени прашања. 

Заев додава дека Бугарија ќе ја поддржи евроинтеграцијата на Македонија без услови. Премиерот вели дека ЕУ е потребна на Македонија, но и на регионот. 

„Договорот ќе биде објавен на веб страната на Владата и секој ќе може да го прочита“ - рече Заев. 

Тој вели дека ќе се зголеми трговската размена, царинските давачки ќе бидат поповолни, ќе има подобар економски развој, и благосостојба на граѓаните. 

„Застануваме против говор на омраза или националистички изјави. Минатото и историјата ги поставуваме како темел на иднината“- вели Заев. 

Премиерот очекува поддршка од опозицијата со цел Македонија да оди напред. 


Слично

Поврзани вести