Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ: Бројките на заболени со корона во последните денови се стабилизираа, се надеваме дека ќе почнат да паѓаат

ЗАЕВ: Бројките на заболени со корона во последните денови се стабилизираа, се надеваме дека ќе почнат да паѓаат

Премиерот Зоран Заев изјави дека засега не се разговара за специјални карантини или за посебни ограничувања, поради актуелната епидемиолошка состојба во земјава.

„Се надеваме дека бројките кои во последните неколку дена се стабилизираа, ќе почнат да паѓаат, особено ако се придржуваме до мерките и ако внимаваме“, истакна Заев.

Во однос на зголемениот број на случаи на ковид, а особено воТетово и Гостивар, премиерот објаснува дека главно се работи за граѓани со хронични болести. Но, тоа што се случува кај нас во однос на бројките на новозаразени, но и во однос на смртноста, како што вели премиерот, се случува и во регионот и во светот.

„Не би сакал да зборувам подетално од тоа што министерот за здравство и Комисијата го кажуваат, но јас како претседател на Владата кој има обврска да ги следи парамтерите, би рекол дека е добро што последните денови бројките се стабилизираат во Тетово и Гостивар. Тоа значи дека силата на вирусот се намалува, мерките веројатно давата резултат, а и граѓаните повеќе внимаваат“, нагласи Заев.

Слично

Поврзани вести