Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев, Борисов и Пендаровски разменија пораки за Гоце Делчев

Заев, Борисов и Пендаровски разменија пораки за Гоце Делчев

Премиерот Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов си разменија пораки за ликот и делото на револуционерот Гоце Делчев. Бугарскиот премиер бара да созрееме за членство во Европската Унија. Заев смета дека тоа треба да е заеднички процес. Тој наведе дека со Договорот за добрососедство некои работи треба да спојуваат, а не да раздвојуваат. 

За претседателот Стево Пендаровски, Гоце Делчев е граница која државата не би можела да ја премине. Во интервју за Еуроактив, тој вели дека постои голем потенцијал за зголемување на тензиите со Бугарија поради работата на мешовитата комисија, за која според Пендаровски, Бугарите се жалат во Брисел дека таа не дава резултати.

За него, признавањето на Делчев како Бугарин е црвена линија што Скопје можеби не е подготвено да ја премине.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев вели дека Македонија нема право да ја менува историјата ниту идентитетот на бугарските преродбеници.

Слично

Поврзани вести