Заев: Блиските на пациентите ќе може да ги подигнат лековите
Премиерот Зоран Заев на својот профил на Фејсбук објави дека со укинувањето на квотите за подигнување лекови со рецепти во аптеките ќе може истите да им бидат дадени и на блиските на пациентите.
„Започна етапното укинување на квотите за лекови во аптеките. Во првата фаза, укинати се квотите во аптеките во Охрид, Ресен, Струга, Дојран и Гевгелија.
Со оваа нова мерка, сите граѓани добиваат поголема достапност до лековите кои им требаат, без квоти и страв од недостатоци на лековите. Секој лек на рецепт ќе биде покриен од Фондот. Како и досега, блиските на пациентите ќе можат да ги подигнат лековите.
До октомври, во соработка со Фондот за здравствено осигурување, укинувањето на квотите ќе се спроведе во сите градови на државата“, објави Заев.
Привременото укинување на квотите во моментов важи само за август и тоа во петте градови каде што се сконцентрирани туристите, додека постојуаното укинување се очекува од крајот на септември.
