Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Би заменил и две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ

Заев: Би заменил и две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ

Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори со Северна Македонија.

Во разговорот, премиерот Заев објаснува дека во случај да не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ, пренесе МИА.

-Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.

Тој предупредува дека во контекст на неиспорачување од европска страна, граѓаните би можеле да се свртат кон националистичките струи во земјата.

-Ризикот е враќањето на национализмот и радикализмот во нашата земја. Поминавме низ овој ризик во последните единаесет години. Имавме „хибриден“ режим кој ги уништи сите демократски права и слободи, сите основи на нормална земја, и ризикот е да се вратиме во тоа време, одговара премиерот.

На прашање зошто Европската Унија би требала да се грижи за тоа и дека би можела да и одговори на Македонија дека е тоа нејзин внатрешен проблем, премиерот вели дека ЕУ и Северна Македонија се поврзани како на лично така и на економско ниво и дека станува збор за заеднички интерес.


Слично

Поврзани вести