Заев бара промена, посочи на неколку ризици од актуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот Зоран Заев денеска на седница за пратенички прашања порача „опозицијата да ги промени ставовите“, во името на доброто на државата.
Заев спомна неколку ризици од актуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
„Меѓуетничките односи во државата се под сериозен ризик, немате ништо променето во политиките соодветни на нашето општество кое што е мултиетничко. Втората работа е: веднаш кавги, и со Мицотакис и со Бојко Борисов, или со Грција и со Бугарија, ново вето, нови горчини, ново застанување во калта, шлапкање во место. Застанете зад интеграциите“, повика премиерот.
Заев рече дека за разлика од ваквите политики на интерес само за сопствениот рејтинг, во државата се случуваат позитивни промени, пријателствата донесоа нови инвестиции, економијата расте.
