Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев бара партиите да си подадат рака за планот 3-6-9

Заев бара партиите да си подадат рака за планот 3-6-9

Премиерот Зоран Заев денеска на собраниската комисија за европски прашања на која се разгледува владиниот план за реформи наречен 3-6-9, побара од опозицијата соработка. 

Заев вели дека  не мора да прифатат сè, туку да учествуваат, да даваат идеи. Тој очекува во процесот опозицијата да биде конструктивен партнер. Заев нагласи дека Собранието има важна улога и затоа апелираше владејачките и опозициските партии да си подадат рака. 

Според премиерот, реформскиот план 3-6-9 дека носи нови перспективи на Македонија на патот кон ЕУ и НАТО, со подигање на животниот стандард на граѓаните. 

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ кажа дека опозицијата не била консултирана за овој план, додавајќи дека такви планови Македонија имала усвоено повеќе пати. Тој побара увид во нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија. 

Заев побара Собранието да закаже седница во почетокот на идната недела за ова прашање на која, како што рече, ќе го презентирал договорот, но претседателот на парламентот Талат Џафери наведе дека тоа не можело да се реализира до 27 месецов поради процедурални причини. 

Владата на 5 месецов го презентираше планот 3-6-9 за приоритетните реформи во првите три месеци.

Слично

Поврзани вести