Заев бара од Таравари да остане министер, докторот пак тврди Бејта е дел од криминалот во Гостивар
Арбен Таравари кој ќе се трка во вториот изборен круг со против кандидатот Невзат Бејта се надева на победа.
Таравари во изјава за медиумите посочува дека се надева на убелива победа бидејќи, како што тврди, Бејта во Гостивар бил дел од криминалот.
Оваа изјава на несудениот или судениот министер за здравство, се уште не се знае, доаѓа откако премиерот Заев вчера од Гостиварчани побара поддршка за кандидатот од ДУИ Невзат Бејта.
Премиерот вчера оттаму порача дека Бејта ќе го направи Гостивар да сјае доколку стане градоначалник, а на Таравари му понуди договор да си ја гледа работата на доктор и да остане во здравството, односно да ја задржи министерската позиција.
До вториот изборен круг останува уште една недела.
Според она што го гледаме на терен, Таравари си зацртал во глава да седне во градоначалничката фотелја и да се занимава со општински локални проблеми, а не да се занимава со враќање на пиедесталот во здравството.
