Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Арсовска може да биде кмет во Бугарија, а не градоначалник во Скопје

Заев: Арсовска може да биде кмет во Бугарија, а не градоначалник во Скопје

Премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ претпладнево рече дека е убеден во тоа дека Данела Арсовска, кандидатот за градоначалник на Град Скопје, има бугарско државјанство, иако во актот што наводно беше објавен од власта на социјалните мрежи таму заведеното име е „Даниела Арсовска“.

- Многу е сериозна оваа работа, прво таа не демантира, нема чист демант. Вистината излегува до крај. Скопје имало кмет, 1941, тоа не ни треба, нека се кандидраат таму за кметови, а не за градоначалник. Тврдам и целата аргументација ќе излезе на површина. Тоа е неморален и нечесен акт, тоа треба да го кажете на една третина од македонските граѓани. Тоа вреѓање на македонскиот народ, рече Заев во емисијата и побара од Арсовска да се повлеќе од локалните избори на три дена пред вториот круг.

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска, во гостувањето на телевизија 24 во емисијата „Анализа“ синоќа одговори и на обвинувањата, односно како што рече, небулози дека има бугарски пасош. Таа рече дека била однапред подготвена во каква борба влегува и дека нема ниту една дамка.

„Искрено не да сум разочарана, јас веќе не знам за што зборуваме и како не им е срам да излегуваат со сите овие работи, небулози кои ги вадат. Прво излегоа дека сум била донатор на политичка партија, каде се доказите за тие работи. Ги кријат, работите ги замаглуваат, ги вадат како полувистини каде се тие информации, каде се информациите дека сум муслиманка, каде се информациите дека некој нешто крадел, злоупотребил, каде се. 

Значи стварно е небулозно, срамно е да го прават на два дена пред кампања, а зборуваме за исти луѓе со кои јас сум имала можност пет години да седам на иста маса да бараат мои совети за еконосмки мерки и каде ниту еднаш, ниту лично, ниту професионално немале никаква замерка ниту на мојата работа, ниту на мојата личност“, рече Арсовска.



Слично

Поврзани вести