Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: „Алтернатива“ е понижена, не сака да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Заев: „Алтернатива“ е понижена, не сака да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев и денеска најави проширување на парламентарното мнозинство, а за партијата „Алтернатива“ рече дека е „повредна и понижена“ што е во коалиција со опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Ваквата реакција на претседателот на СДСМ следува откако пратеникот од Алтернатива, Зекирија Ибрахими синоќа најави дека по вториот изборен круг, во понеделник ќе биде објавено ново владино мнозинство и дека се чека тоа да го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

- Ние имаме добра соработка (со Алтернатива), имаме добра перспектива, прашајте ги за кое ново владини мнозинство станува збор.  Алтернатива е повредена и понижена, тоа се гледа насекаде и во парламентот. Не сака да биде во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, рече Заев на денешната прес-конференција како одговор на новинарско прашање за последните коментари на Ибрахими.

Слично

Поврзани вести