Заев: Алијансата како млада партија може да се докаже со вицепремиер за реформи
Премиерот Зоран Заев повторно им дава можност за помирување на коалиционите партнери Алијанса за Албанците со тоа што е слободна вицепремиерската позиција за реформи која претходно не беше етаблирана.
За да не се сфати како утешна награда Заев како што се очекуваше, а тоа го анализираше и Фактор, ќе направи обид за Зијадин Села на подостоинствен начин да го прифати компромисот. Тоа што Алијансата за Албанците е млада партија, а партиципира со мал број на пратеници во коалицијата, сосема солидно е вицепремиерското место, особено што треба да се докажат дека се посветени на реформската агенда.
„Се работи за политичка партија која што има две пратенички места. Министерството за здравство е еден од најважните ресори во владата и во моментот кога беше понудено при концепирање беше дадена и заради кандидатот. Ние го понудивме местото потпретседател за реформи имајќи го предвид дека навистина е млада партија што ќе сака да се докажува. Верувавме дека тоа може да биде прифатливо за нив“, рече премиерот Заев.
Според премиерот Заев засега нема нови отстапки и компромиси, па така министерството за здравство оди во рацете на СДСМ со предложениот кандидат Венко Филипче, наместо да се прифати кадар од Алијансата за Албанците.
