Заев: Aко постои човек кој врши притисок врз судството, опозицијата да го открие
Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвини дека сакаат да го затворат пред референдумот, премиерот Зоран Заев за ТВ 21 изјави дека доколку постои таков човек кој врши притисок врз судството, опозицијата треба да го открие.
„Јас знам дека сите процеси се водат транспарентно, без разлика за кој во државата и уште еднаш ја потврдувам независноста на судството. Никој нема право да ги прејудицира одлуките, да прави притисок врз судиите и случно. Јас само посочувам нека кажат кој е тој, ако постои веднаш ќе преземам мерки за санкции“- рече Заев.
Тој повика на професионално однесување.
Слично
