Заев: Ако избрзаме со ветингот, Македонија може да остане без судии
Премиерот Зоран Заев денеска на владина прес-конференција на која ги повика претседателоте на другите партии на лидерска средба рече дека ветингот кој се споменува во правосудниот систем веќе две години може да биде меч со двојна острица.
- Знам дека е потребен ветинг , но не смее да се избрзува. Тоа мора да се обмисли, бидејќи ако го спроведеме набрзина, Македонија може да остане само со тристотини судии наместо со препорачаните седумстотини - рече Заев.
За утрешната „метла“ која се најавува повеќе од една недела во врска со промената на директорите и другите функционери од вториот и третиот ешалон, додаде дека се уште течат преговорите со ДУИ.
- Се уште сме во преговори со ДУИ но во фаза која очекувам да заврши во текот на средината на јули па да ги објавиме имињата - наведе Заев.
