Заев: 2017 ќе ја паметиме по пресвртот кој го направија слободоумните
Премиерот во новогодишното обраќање до нацијата посочи дека 2017 година се случил пресврт од страна на слободоумните граѓани кои ја ослободиле заробената држава по што треба да следи процес на стабилизација, раст и напредок. Заев повика секој да ја преземе својата одговорност и да работи на
„Со
промената на власта, граѓаните јасно порачаа дека очекуваат нова пракса и нови
политики при управувањето со државата. Тоа е главен предуслов за враќањето на
довербата кон институциите и кон власта како политички инструмент.
Клучен фактор за создавање доверба е да се спроведува владеење на правото.
Правната држава создава сигурност за секој граѓанин поединечно, и за општеството во целост.
За добро и одговорно владеење неопходни се уште и: Почитувањето на човековите права,социјалната правда,јавното и отчетно работење и обезбедувањето целосно учество на сите граѓани во општеството. Реформата подразбира вклученост, на сите, за сите, без исклучок, по било кој основ.
Ставањето на граѓанинот во центарот на нашата грижа, значи постојано подобрување на условите за живот на луѓето и поттикнување на сигурноста на граѓаните – да се биде сигурен значи да се биде ослободен од страв, ослободен од економска и друг вид неизвесност.
Борбата со сиромаштијата и обезбедувањето на сигурноста се основни услови, но тие се само дел од поголема целина. Знаењето, вештините и здравјето како врвни приоритети, ја подигнуваат свеста за афирмација на човековото достоинство. За достоинствени граѓани на нашата Македонија.
Ќе бидеме достоинствени ако сме чесни, а чесноста подразбира борба против корупцијата.
Како одговорен политичар, и како премиер на Република Македонија, силно се противам на амбиент во кој некои политички елити се почувствуваа привилегирани. Мислеа дека правдата и казната што произлегува после корупцијата, нема да ги опфати и нив.
Сите мораме да го дадеме сопствениот придонес кон реформата и кон новото време за кое постигнавме општествен консензус: Нула толеранција за корупцијата и нула толеранција за кршење на човековите права - и ништо помалку.
Одредени политичари во изминатите години избраа да водат политика на поделби и предизвикување конфликти кои луѓето ги поделија на „наши“ и „ваши“.
Тоа е политика што гради минато, а не иднина. А, нам, наместо поделба ни треба доверба. Само интегрирана Македонија, единствена во различностите, ќе биде стабилна и просперитетна држава за сите нејзини граѓани. Во таква Македонија веруваат мнозинството од граѓаните. Затоа градиме општество еднакво за сите.
Почитувани мои сограѓани, што уште не очекува во 2018 година?
Не очекува многу ангажман, со единствена цел: мирен и квалитетен живот за граѓаните.
Ќе растат платите, затоа што имаме сериозен и прецизен План за економски раст. Тој план ќе обезбеди нови, подобро платени работни места. Проектираниот буџет за 2018 ќе донесе финансиска стабилизација на земјата, раст и правичност. Ќе ги интензивираме напорите во реформските процеси за демократска обнова на општеството, за обезбедување професионални и деполитизирани институции, еднакво и квалитетно услужни кон сите граѓани.
Продолжуваме да бидеме пријател со сите пет соседи, но и предводници во градењето нов имиџ за Балканот пред светот.
Конечно, очекуваме Македонија да биде 30-та земја членка на НАТО. Очекуваме да добиеме чиста препорака за почеток на предпристапни преговори со ЕУ. Брисел знае дека имаме доволно добри аргументи за ова наше очекување.
На патот сме да ја заокружиме визијата за модерна, економски напредна и респектирана држава. Да се обединимеоколу овие приоритети!
Сега како никогаш досега, сите да ја прифатиме одговорноста за нашата иднина! Сега, кога 21-от век станува полнолетен, ајде заедно да го положиме испитот на зрелоста, заради иднината на нашата заедничка Македонија. Заслугите ќе им припаднат на сите“, се вели во новогодишната честика на премиерот Заев.
Премиерот посакува Среќни новогодишни и божиќни празници.
