Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Очекувам Иванов да ми го додели мандатот

Заев: Очекувам Иванов да ми го додели мандатот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер.

Според него се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за влада.

„Македонија нема време за губење. Демократските промени се почнати, така одлучија над 600.000 граѓани од сите етнички заедници, и Македонија мора да оди напред. Очекувам претседателот Ѓорге Иванов  да ми го додели мандатот и сè друго ќе се смета како кршење на Уставот“, изјави Заев.

Тој рече дека на земјата ѝ е потребна одговорна влада, која ќе ги обедини граѓаните и која ќе се придвижи кон ЕУ и НАТО.

„Ние сме подготвени за формирање на влада која ќе ги спроведе реформите од  Договорот во Пржино и реформските приоритети од Прибе“ – кажа Заев.

Вели дека граѓаните ќе бидат во фокусот на идната власт. 

Заев потврди дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Ако го добие мандатот ќе ги соопшти своите ставови. 

Слично

Поврзани вести