Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: НАТО и ЕУ се единствена алтернатива за Македонија, очекувам жестока реакција на Русија

Заев:  НАТО и ЕУ се единствена алтернатива за Македонија, очекувам жестока реакција на Русија

Македонскиот премиер,  Зоран Заев во интервју за црногорското радио „Антена М“, изјави НАТО и ЕУ се единствена алтернатива за Македонија, и дека очекува жестока реакција од Русија кога ќе дојде време за прием на земјата во Северноатлантската алијанса.

Заев гостувајќи во емисијата „Жива вистина“, изјави дека е подготвен за жестоката реакција од Москва, слично како што беше случајот и со приемот на Црна Гора во НАТО.

„Повторувам, ние сакаме да ја унапредиме соработката со Русија, сакаме на пример таму што повеќе да продаваме домати, зелка и други земјоделски производи. Сепак, ние немаме алтернатива, нашиот избор се ЕУ и НАТО“ - вели Заев.

Заев рече дека е уверен дека Македонија ќе стане 30. членка на НАТО.

Слично

Поврзани вести