Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕВ : На потег е Европа да покаже дека стои на зборот

ЗАЕВ : На потег е Европа да покаже дека стои на зборот

Претседателот на Владата Зоран Заев денес и утре во работна посета на Брисел. Заев по пристигнувањето беше топло пречекан од Претседателот на Европската комисија Јункер.

Премиерот Заев на пресконференцијата потенцираше дека земјата ги исполни задачите и дека на потег е Европа да покаже дека стои на зборот.

„Отворањето на преговорите е единствената гаранција за одржување на на домашната стабилност и реформскиот импулс во Северна Македонија со позитивен импулс на целиот регион“, рече Заев.

Жан Клод Јункер истакна дека комисијата јасно проценила дека земјата ги исполнила сите можни услови, но сепак засега нема целосна согласност меѓу земјите членки на ЕУ да се одобри отворањето на пристапните преговори за Северна Македонија. Тој рече оти знае дека некои земји членки имаат одредена загриженост и потенцираше дека ќе направи се за да ги убеди.

Минатата недела Европската комисија ја повтори препораката на Советот на ЕУ за одобрување на пристапните преговори за земјава.

Фото Youtube

Слично

Поврзани вести