Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот

Заев:  Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот

Променете го начинот на носење одлуки, порача поранешниот македонски премиер Зоран Заев до Европската Унија(ЕУ). 

Тој вели дека руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионот, особено македонското прашање. Како што рече, не постои оправдување за ниту една цивилна жртва во Украина, не постои оправдување за украинските деца, кои со огромна грижа бараат безбеден дом насекаде низ Европа, а нема да постои оправдување и доколку падне проектил врз спомен куќата на Крсте Петков Мисирков во Одеса. 

„Ја прашувам ЕУ од мојата европска Струмица, која се граничи со Грција и Бугарија, дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини е механизам со кој се развива европската идеја. Ако не, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носењето на одлуките. ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја, која по дефиниција е либерална, отворена, широка. Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот, не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата“, кажа Заев  на конференцијата во Струмица насловена „Суверенитот и Европа“ што ја организираше Француската амбасада.

Поради ветото од Бугарија, Македонија не може да ги почне преговорите со ЕУ. Албанија ќе бара раздвојување во процесот, ако до јуни Бугарија и Македонија не се договорат. Бугарија инсистира на внесување на Бугарите во Уставот. 

Слично

Поврзани вести