Заев: Државата ја затекнавме во економски колапс, сега парите одат за народот
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев вечерва на конгресот на партијата изјави дека ги намалиле казните, за 300 отсто ја зголемиле социјалната помош, а 55.000 земјоделци набавуваат нафта за 30 отсто поевтино.
Вели дека работеле за раст на платите.
Додава дека ветиле минималец од 16.000 денари, а по 2.5 години изнесува 14.500 денари.
Заев вели дека ги зголемиле и пензиите и дека успешните економски политики се препознаени преку сите економски параметри.
„Државата ја затекнавме во економски колапс, БДП беше во минус“, рече Заев.
Вели дека денес парите одат кај народот, а не за стиропор.
Слично
