Заев - Сасоли: Цврсто веруваме дека нашето членство во ЕУ е незаменливо
Премиерот Зоран Заев денеска го прими во
посета претседателот на Европскиот Парламент Давид-Мариа Сасоли, кој во нашата
земја е на покана на Претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Сасоли, и членовите на неговиот кабинет имаа билатерална средба со премиерот Заев и со членовите на делегацијата на Владата на Северна Македонија на која беа заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Северна Македонија активираше огромна политичка енергија за да ја врати земјата на патот на ЕУ. Решивме непремостливи предизвици кои на сите им се чинеа како невозможна мисија. Успеавме зашто имавме силна мотивација - Европската перспектива за нашата земја и за нашите граѓани. Сите имавме оправдани очекувања дека конечно дојде моментот да се сврти нова страница. Сите верувавме дека ќе ги започнеме преговорите кои во себе имаат силна трансформативна моќ и кои низ процесот ќе помогнат да ги постигнеме европските стандарди за да станеме полноправна членка на ЕУ. Наместо тоа, недавањето согласност да започнат преговорите по поглавја ги врати на агендата прашањата на евроскептиците и дилемите дали ЕУ навистина останува на своите политики за проширување и дали има алтернатива“, вели Заев.
Премиерот вели дека мораме да продолжиме, дури и посилно со реформите, со докази дека во земјата владее правото, дека имаме силни аргументи за напредокот во економијата.
„Постојат извесни процедури во престапните преговори. Ние сме во рамки на еден процес, во кој што ЕК го состави овој пакет, доколку процесот започнеше на поинаков начин,ние се разбира ќе се искажевме на поинаков начин, но во овој момент не е можно, а не е ниту пожелно, но ова не значи да не се земат во предвид заслугите на овие земји. Заслугите се признати и на Северна Македонија и на Албанија, не станува збор за заслугите. Сега ние имаме задача да продолжиме по овој пат и верувам дека тие преговори коишто беа покренати во однос на Северна Македонија и Албанија ќе бидат лесно совладливи“ - рече Сасоли на заедничката прес-конференција со Заев.
На младите Сасоли им порача да е губат надеж. Пред неговата посета на земјава, која трае денеска и утре, во видео обраќање на Твитер тој нагласи дека го дели разочарувањето со македонските граѓани, но најави дека дискусијата за почеток на преговорите не е завршена.
