Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев - Мицкоски: Постои согласност дека е потребно учество на опозицијата во реформите

Заев - Мицкоски: Постои согласност дека е потребно учество на опозицијата во реформите

Премиерот Зоран Заев се сретна со новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Владата при што постои согласност дека е потребно учество на опозицијата во реформите, а патот на Македонија е во ЕУ и НАТО, информираат од Владата. 

„Средбата се реализираше низ конструктивен дијалог, иако за некои од темите се изразени различни мислења и ставови на двајцата соговорници. Заеднички е констатирано и дека патот на Македонија е во ЕУ и во НАТО и за тоа е потребен ангажман од сите политички субјекти, како на власта, така и на опозицијата“- стои во соопштението од Владата. 

Премиерот Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, се согласија дека е потребно учество на опозицијата во реформските процеси.

Слично

Поврзани вести