Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕДНО СО 61 ПРАТЕНИЧКИ ПОТПИС - барањето за гласање доверба на Владата е во Собранието, дали и кој ќе се премисли

ЗАЕДНО СО 61 ПРАТЕНИЧКИ ПОТПИС - барањето за гласање доверба на Владата е во Собранието, дали и кој ќе се премисли

Точно 61 пратеник се потпишани на барањето за гласање доверба на Владата, и тоа од ВМРО-ДПМНЕ, Беса, Алијанса, Алтернатива и Левица, кои веќе стигна во Собранието.

Спикерот Талат Џафери за ова барање вчера имаше разговор во Собранието и со премиерот Зоран Заев.

Како што е познато, пратеникот Скендер Реџепи од ДУИ вчера изјави дека е излажан и дека ако стои и потписот на Левица, тој ќе ја напушти партијата, а најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.

Што напишале овие 61 пратеник во своето образложение?

Велат дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ не донела значајни резултати во претходните пет години, туку напротив „владее со измами и пазараења, за сметка на најважните прашања за народот“.

„Наместо да го сочуваат достоинството на државата и нејзините граѓани тие за секој одминат ден се повеќе го потонуваат народот во сиромаштија, непрекинат раст на инфлацијата и афери кои се мултиплицираат на дневна основа. Владата предводена од Зоран Заев ги изневери граѓаните, што се виде од резултатите на одржаните локални избори, кои всушнуст беа ‚редерендумско' изјаснување против сегашната Влада и нејзините политики.

Останувањето на оваа Влада по таков изборен резултат, без кредибилитет, без јасна мнозинска поддршка од народот и без план за решавање на напластените проблеми, ќе значи само продлабочување на политичката криза. Дополнително со економската криза, енергетскиот шок, ковид тенденциите кои се загрижувачки, сериозно ќе ја клекнат државата на колена“, стои во образложението. 

Натаму, се додава дека „сите сме сведоци на криминалот и корупцијата на власта, изневерени се сите надежи на граѓаните за подобар живот, не постои функционален систем на владеење на правото“.

„Граѓаните заслужуваат напредок на државата и на народот. Државата треба да излезе од постојаната криза, да се понудат решенија на предизвиците. Време е поделбите и конфликтите да престанат, ѕидовите во општеството да се срушат, време е за промени. 

Изминативе пет години се доказ дека оваа Влада владее со конфликти и не оддалечува од ЕУ, само со една цел, а тоа е одбрана на криминалот и одбрана на политичките кариери и привилегиите кои безмилосно ги уживаат функциобнеритен на власт на грборт на нарподот. Не се грижат ниту за држѓавата, ни за народот, ни за приближување на државата кон ЕУ. Неуспехот на ова поле е разочарување и ги влече сите процеси назад. Порадси сето ова ние долупотпишаните пратеници бараме собранието да гласа за доверба на Владата“, се вели во образложението на иницијативата што беше поднесена во Собранието. 

Н.Н.Ф.

Слично

Поврзани вести