Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАЕДНО СМЕ ВО ДОБРО И ВО ЛОШО: Премиерите Заев и Јанев со емотивни изјави по страшната трагедија

ЗАЕДНО СМЕ ВО ДОБРО И ВО ЛОШО: Премиерите Заев и Јанев со емотивни изјави по страшната трагедија

-Ова е тежок ден кој бугарскиот народ го одбележа со две тешки трагедии - инцидентот синоќа во селото Ројак, каде загинаа деветмина во дом за стари лица. За жал, за неполни 7-8 часа, се случи и уште една трагедија. Несреќа со патнички автобус регистриран во РСМ, со граѓани од Република Северна Македонија и други националности,за жал со над 40 загинати лица. Трагедиите се чести. Трагедиите се она што нè допира и нè тера да се соживуваме, изјави премиерот на Бугарија, Стефан Јанев на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, пренесува БНТ. 

Двајцата разговараа по трагедијата на автопатот Струма, во која загинаа 45 лица кои патуваа со автобус со македонска регистрација.

Тој додаде дека на лице место работат сите тела кои се вклучени во безбедноста и истрагата на ваквите инциденти. Истрагата за автопатот Струма продолжува.

Преживеаните од несреќата во Струма се сместени во Пирогов. Ги посетија премиерите Заев и Јанев. Според нив, во моментов се водат разговори со нив.

Лекарите велат дека нивните повреди се релативно полесни и веројатно во следните 1-2 дена повеќето од овие лица ќе можат да бидат пренесени кај своите роднини.

Запрашан дали причината за несреќата е проблематична делница, Јанев рече дека проценката на делниците од автопатот е работа на специјализирани тела. Тој не ги прифати шпекулациите дека делот од автопатот - можни дупки или нерамнини - е нешто што довело до несреќата

Зоран Заев она што се случи го опиша како „страшна трагедија“. Тој рече дека Македонија изгуби 11 деца, а и другите загинати се млади луѓе кои се враќале дома.

Тој рече дека ги посетил ранетите и дека се добро, некои се со посериозни повреди, но прецизираше дека оние кои се добро ќе бидат пренесени дома со помош на бугарските власти.

На прашањето дали оваа трагедија ќе се искористи во заладените односи со Бугарија, Заев одговори

-Бугарија и Македонија се заедно и во добро и во лошо, ние сме братски народи и мораме да си помагаме. Во ваква трагедија позитивно е што си помагаме, нагласи премиерот Заев.

Тој одби да коментира за политички прашања, но му честиташе на Румен Радев за неговиот реизбор за втор мандат. Кога нашите соседи се добри, и ние сме добри“, коментираше премиерот Заев.


Слично

Поврзани вести