ЗАЕДНО РАБОТЕВМЕ НЕКОЛКУ ГОДИНИ ВО ВЕЛЕШКИОТ ТЕАТАР: Љутков се прости од колегата Стојановски
Министерот за култура, кој пред да биде министер работеше во велешкиот театар, се прости од неговиот колега кој почина денес, Самоил Стојановски.
„Со длабока жалост ја примив веста за прераното заминување на мојот колега Самоил Стојановски. Заедно работевме неколку години во Велешкиот театар, во повеќе од 10 театарски премиери, создавајќи незаборавни моменти на сцената. Неговата посветеност и професионализам ќе останат во сеќавањата на сите нас. Изразувам искрено сочувство до неговото семејство, колеги и пријатели. Почивај во мир“, напиша тој во објава на фејсбук.
Слично
