Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заедно посилни: Осум општини од Вардарскиот регион ќе работат на исти проекти

Заедно посилни: Осум општини од Вардарскиот регион ќе работат на исти проекти

Со цел за се забрза локалниот развој на регионот,осум општини од Вардарскиот регион ќе почнат со работа на заеднички проект за енергетска ефикасност.

Ова било договорено на вечерашната седница на Советот на општина Неготино, каде што советниците донесоа предлог одлука за формирање заедничка комисија за подготовка на теренот за идната соработка. Во проектот се вклучени општините Велес, Кавадарци, Неготино, Чашка, Градско, Лозово, Росоман и Демир Капија. Советот исто така усвои и предлог одлука за прифаќање на предлогот за воспоставување на меѓуопштинска соработка во областа на локалниот и регионалниот развој во регионот.

Слично

Поврзани вести