Задолжителен ПЦР тест за косовските државјани кои влегуваат и транзитираат низ Македонија
Задолжителен ПЦР тест ќе биде потребен за косовските државјани кои влегуваат од Република Косово и транзитираат низ земјава.
Ова е одлука од третата седница на Владата.
„Државјаните на Република Косово, кои влегуваат на територија на Република Северна Македонија од копнен граничен премин од Република Косово задолжително да приложат медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CiV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територија на Република Северна Македонија и во случај на транзитирање низ државата“, информираат од Владата.
Медицинска потврда со негативен резултат од PCR SARS-CoV-2 тест за деца, да се приложува кога детето има над 10 години, oдлучи Владата.
Слично
