ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Повлечен кредит од 52 милиони евра од Светска банка за нови патишта
Макеоднија ја повлече првата транша од одобрениот заем за инфраструктура од Светска банка. Станува збор за 52 милиони евра, од вкупно одбрените 400 милиони долари со Стратегијата за партнерство со оваа финансиска институција.
Парите ќе се користат за изградба на неколку патни правци, објави првиот финансиер Зоран Ставреск, кој денеска ги потпиша договорите за заем со директорката на канцеларијата на Светска банка во Македонија, Татјана Проскурајкова.
„Со овие пари ќе се финансира изградба на патните правци Бошков Мост - Дебар, Ресен - Буково и Битола - Макази. Станува збор за заем за долгорочно финансирање, кој е обезбеден под поволни услови, односно со варијабилна каматна стапка која во моментов изнесува 0,6 отсто, како и со рок на отплата од 23 години, и со шест години грејс период“, вели Ставрески.
Дополнително од СБ следната година треба да се одобрат околу 100 милиони евра за изградба и реконструкција на повеќе патни правци. Меѓу нив се Пробиштип – Ски-центар „Пониква“, Тораница- Саса, Старо Коњарево - Ново Коњарево, Гарски мост - Извор и Ранковци - Крива Паланка. Ставрески уверува дека земјава ќе нема проблеми кредитите да ги врати.
„Сите средства се обезбедени навреме, предвреме би рекол. И Македонија нема никаков проблем со нивото на долгот, со обврските што ги има за следната година и за среднорочениот период за следните 10 години сосема навремено и редовно да ги подмирува обврските и да ги изгради сите патишта, пруги, енергетски објекти, водоводи, канализации, училишта и се друго што е предвидено со тие средства“, нагласи тој.
„Заемот не и е даден на Владата како некој спас, туку се работи за долгорочна инвестиција“, нагласува Проскурјакова. Средствата од Стратегијата за партнерство со Светска банка, освен за инфраструктура, ќе се трошат и за транспорт, енергетска ефикасност, управување со јавни финансии и социјална заштита.
Слично
