Државата позајми 50 милиони евра на домашен терен!
Помал интерес за долгорочните обврзници што ги продава Владата со камата од 3,70%, односно 4,80%, во зависност од валутата. Имено, на вчерашната аукција на државни хартии од вредност Владата од домашните кредитори позајми 50 милиони евра преку продажба на едногодишни записи, но и на обрзници со рок на доспевање од 2,5 и 10 години. Според првичните Проспекти за аукцијата, Владата планираше да позајми 28 милиони евра, но на крајот од денот, аукциите завршија со позајмени 22 милиони евра повеќе.
Анализата на реализацијата во однос на понудата на аукциите покажува дека повеќе од десет пати имало поголем интерес за едногодишнаите хартии од вредност, додека за купување на обврзниците со рок на доспевање имало значајно помал интерес. Од продажба на девизните и денарски десетгодишни обврзници се обезбедиле околу 3,5 милиони евра од вкупната позајмена сума.
Најголем дел од парите Владата ги собра преку продажба на обврзници со рок на доспевање од пет години, или на ваков начин во државната каса обезбеди прилив на 44 милиони евра.
Владата веќе најави дека во задолжувањето на домашен терен ќе доминираат долгорочните хартии од вредност, долгови кои ќе треба да се враќаат по 3, 5 или 10 години.
Слично
