Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАДОЛЖУВАЊА: Државата бара заем од 93 милиони евра!

ЗАДОЛЖУВАЊА: Државата бара заем од 93 милиони евра!

Денеска преку продажба на државни хартии од вредност државата планира да се задолжи со нешто повеќе од 93 милиони евра. Според објавените Проспекти на Министерството за финансии, најавени се две аукции. Едната за продажба на државни хартии од вредност со рок на доспевање од една година, преку која се планира да се обезбедат повеќе од 84 милиони евра и другата за продажба на шестмесечни записи во вредност од скоро 9 милиони евра.

Денешната аукција на записи е прва од трите што се најавени за овој месец. До крајот на вториот економски квартал, кој штотуку почна, Владата најави девет продажби на државни хартии од вредност преку кои треба да се обезбедат пари за тековните буџетски потреби.

Главно, преку заемите, односно новите задолжувања се обезбедуваат средства за враќање на веќе допспеани долгови. Со почетокот на оваа година, владата ја издаде и првата обврзница со рок на доспевање од 10 години а вредност од околу 3 милиони евра. Државата преку Фискалната стратегија за годинава најави дека ќе се сврти кон долгорочни задолжувања на домашен терен, издаваќи записи со рок на доспевање од 5,7 и 10 години.

Утре, по основ на допсеани хартии од вредност Владата на домашните кредитори треба да им врати скоро 134 милиони евра.

Слично

Поврзани вести