Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗАД НЕГО СТОЕШЕ КАРТА НА БУГАРИЈА КОЈА ЈА ОПФАЌА МАКЕДОНИЈА: Џамбаски вели дека Охрид е бугарска престолнина

ЗАД НЕГО СТОЕШЕ КАРТА НА БУГАРИЈА КОЈА ЈА ОПФАЌА МАКЕДОНИЈА: Џамбаски вели дека Охрид е бугарска престолнина

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски за бугарската редакција на Радио Слободна Европа изнесе контраверзни ставови за Македонија. 

Џамбаски вели дека Бугарија не губи со тоа што ја блокира Северна Македонија на нејзиниот пат кон ЕУ, туку, напротив, тој смета дека добива. 

„Ние не губиме, туку добиваме, оти го штитиме правото на македонски државјани да се самоопределуваат како Бугари. Тие се притискани и потиснувани. Ние треба да договориме минимален стандард за почитување на нивните права во Македонија. Такви луѓе има стотици илјади. Јас познавам голем дел од нив. Во моментот Република Северна Македонија драстично го нарушува нивното право на самоопределување“, рече Џамбаски.

Вели дека Охрид бил бугарска престолнина и дека тоа никој не може да го негира. Интервјуто се водеше преку „Скајп“ а зад Џамбаски се гледа врамена стилизирана карта на Сан Стефанска Бугарија, која ги опфаќа цела Северна Македонија, делови од јужна Србија и Косово и мал дел од Албанија.

Македонскиот премиер Зоран Заев вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 изјави дека со Бугарија  треба да постигнеме согласност дека станува збор за два различни народи со заеднички делови од историја. Џамбаски неодамна објави спот во кој порача дека Македонија е бугарска, по што од бугарското МНР се оградија од тој став. 

Слично

Поврзани вести