Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрчанец: „Космонаутко“ е тема за потсмев и неверување кај Мицкоски

Забрчанец: „Космонаутко“ е тема за потсмев и неверување кај Мицкоски

Александар Забрчанец, националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, коментирајќи го рејтингот на министерот за здравство Вено Филипче и справувањето со пандемијата, застана во одбрана на Денис Јанкуловски - Космонаутко, кој изминатиот период беше тема на критика кај опозицијата.

 Здравството демонстрираше капацитет да се справува со сериозен глобален предизвик, од една страна да се обезбедат капацитети за итните случаи, од друга страна да се информира населението за мерките за заштита и од трета страна да се обезбедува неопходниот имунитет. Во овие прилики, херои се сите здравствени работници кои беа и се уште се на браникот на јавното здравје. И навистина е штета што еден “Космонаутко”, најпопуларниот наш здравствен работник, за ЕУ е кандидат за македонски Европеец на годината, а за Мицкоски е тема за потсмев и неверување. Осудени се на пораз тие што се потсмеваат со националната и со индивидуалната борба со коронавирусот, вели Забрчанец во денешното интервју за „Слободен печат“.

Јанкуловски, инаку вработен во Институтот за јавно здравје, стана популарен во јавноста откако за време на целиот период на пандемијата ги посетуваше ковид суспектните дома и им земаше бриз

Слично

Поврзани вести