Економија, финансии, бизнис

Контакт

Забрането одење во шумите за да нема пожари

Забрането одење во шумите за да нема пожари

Јавното претпријатие „Национални шуми“ од денеска забранува посета на шумите од 06.00 до 20.00 часот поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор како резултат на зголемените температури.  Движењето ќе биде дозволено единствено со писмена дозвола издадена од подружниците на претпријатието за подрачјето со кое стопанисуваат.
Делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште со кои стопанисува претпријатието се однесува на целата територија на земјата, а одлуката е донесена по претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Забраната ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзино отповикување.
Инаку претходно Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути, потврди дека противпожарните авиони се уште се сервисираат, иако со порастот на температурите на прагот е сезоната на летните шумски пожари.


Слично

Поврзани вести